Средба меѓу Ахмети и Мицкоски, се разговарало пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат уставните измени

by Fokus

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера се сретнал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а од ДУИ не ја исклучуваат можноста за нови средби во наредните денови, за да се убеди ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи уставните амандмани во Собрание.

Мицкоски и Ахмети на средбата дискутирале за актуелната политичка ситуација во земјата, потврди Артан Груби, кој истакна дека на средбата се разговарало и за евентуалното гласање за уставните измени во Собранието.

-Лидерите разговарале за тоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат уставните измени кои ги налага договорот со Грција. Тие се легитимни пратеници и треба да го направат тоа – изјави Груби за „Макфакс“.

Поврзани новости