Диетата на Колинда: Не гладуваш, а губиш десет килограми за две недели!

by Fokus

Хрватската претседателка Колинда Грабар во изминатиот период воодушеви со новата линија. Со десеттина килограми помалку, таа ја фасцинираше јавноста, но и ја поттикна љубопитноста за каква диета станува збор, со оглед на тоа што претседателката успеа да ослабне за релативно краток период.

Хрватските медиуми откриваат дека се работи за диета која моментално е доста актуелна кај јавните личности и која започнале да ја практикуваат многу од нив во изминативе месеци.

ТВ водителот Далибор Петко, со помош на истата успеал да изгуби десет килограми за две недели, уредникот Борис Космач за 45 дена изгубил 12 килограми, режисерката Катја Рестовиќ за четири месеци изгубила 20 килограми, а членовите на бендот Општа опасност заедно изгубиле 35 килограми за помалку од еден месец.

Халид Бешлиќ, Сузана Манчиќ, Златан Зухриќ и многу други исто така со помош на истата диета им објавиле војна на килограмите. Се работи за таканаречената липосукциска диета, а планот за исхрана го осмислил сараевскиот нутриционист Кенан Мандра.

Според него, доколку се држите до менито, резултатите се неизбежни за кратко време. Диетата се темели на внесување на масти и протеини, а намален внес на јаглехидрати. Се пијат протеински шејкови, и се јадат исклучително здрави намирници, помеѓу кои месо, риба и зеленчук, подготвени на медитерански начин. Липосукциската диета се базирала на два протеински шејкови и вечера која се состои од протеини и зеленчук. Појадокот и ручекот биле заменети со шејковите со разни вкусови и додатоци на исхраната (аминокиселини и растителни влакна), а главниот оброк била вечерата. Таа се темелела на варен зеленчук, најчесто брокула, модар патлиџан, морков… Од месо, за време на вечерата се консумирало пилешко и јагнешко или пак риба (лосос или туна). Дозволено било да се јаде салата, зелка, марула, патлиџани… Овошјето и јаглехидратите биле строго забранати додека траела диетата.

За две недели со липосукциската диета се губи седум до десет проценти од телесната маса – тврдат нутриционистите. Тие пак, кои што ја практикуваат диетата, велат дека бргу се привикнале на новиот режим на исхрана, и како постигнале одлични резултати за кратко време без гладување.

Вики Клинчарова

Поврзани новости