Средба Димитров – Бушати: Договорена е заедничка седница на владите на Македонија и на Албанија

by fokus

Албанија и Македонија немаат отворени прашања и сакаат уште подобра соработка како единствен сигурен пат кон евроатлантските интеграции, истакнаа министрите за надворешни работи на двете земји, Дитмир Бушати и Никола Димитров, по денешната средба во Тирана.

Двајцата министри најавија одржување заедничка седница на двете влади на есен годинава во Поградец на кој ќе се разговара за заеднички проекти. Шефот на албанската дипломатија Бушати нагласи дека Тирана сака добри односи со Скопје.

„Во минатото имаше некои заблуди во врска со нашите ставови. Албанија не сака и нема да биде пречка за која било земја во нејзините евроатлантски аспирации. Тирана е многу заинтересирана за стабилност на Македонија и регионот“, изјави Бушати.

Македонскиот министер за надворешни работи Димитров рече дека со Бушати се согласиле да направат повеќе од само политички изјави, и да се интензивира соработката на конкретни проекти.

Никола Димитров, денеска во Тирана ќе има средби и со албанскиот премиер Еди Рама и со претседателот на Република Албанија, Илир Мета.

Поврзани новости