495
Изборниот ден помина со бројни нерегуларности, се поткупуваа гласачи, се носеа организирано, па треба да бидеме среќни што немаше жртви, изјави Никола Србов од партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој не одговори директно на прашањето дали неговата партија ќе ги признае резултатите од изборите, но кажа дека ВМРО-ДПМНЕ води убедливо во многу општини.
-Резултатите ќе ги соопштиме откако ќе ги сумираме. Граѓаните видоа како СДСМ организира избори – изјави Србов.