СДСМ убедливо водат во Велес, Охрид, Битола, Зелениково, Аеродром, а со мала разлика губат во Кисела Вода

by Fokus

Според неофицијалните прелиминарни резултати од досегашните на 50 отсто избројани гласови, во Велес од пребројани 30 избирачки места, води Аце Коцевски со 5767 наспроти Чадиев со 3853, додека пак во Штип, Бочварски има 3597 наспроти Захариев кој има 3370.

Големо водство за кандидатите на СДСМ во Охрид и Битола. Кандидатот на социјалдемократите има 50% повеќе гласови од кандидатот ВМРО-ДПМНЕ. Во Битола пак од 40% пребројани гласачки места, кандидатот на СДСМ освоил 12.000 гласа наспроти 8.000 гласа за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ веќе слави победа во Арачиново. Имаат предност во Аеродром и во Зелениково, Вевчани, но најверојатно губат со мала разлика во Кисела Вода каде предност има Јохан Тарчуловски.

Поврзани новости