Српската заедница протестираше на северот на Република Косово, против, како што рекоа, кршењето на бриселскиот договор од страна на премиерот Албин Курти, за неодржување српски избори на територијата на Косово.
Илјадници Срби застанаа зад првиот човек на Српската листа, Горан Ракиќ, кој рече дека по одлуките за суспензија на претседателот на Основниот суд во Митровица и забраната на правото на глас, сите Срби на Косово ќе ги бојкотираат државните институции.
Протести имаше и во Грачаница кои завршија за неколку минути, без политички говори.
Премиерот Албин Курти во текот на денот испрати писмо до амбасадорот на Европската унија во Косово, во врска со одржувањето на српските избори на Косово на 3 април. Toj рече дека е жално што додека Косово работи со добра волја со ЕУ и земјите од КВИНТОТ за изнаоѓање заемно прифатливо решение меѓу владите, Србија се обидува да подготви и организира избори на Косово како да не постои Влада на Косово.
-Белград го користи терминот „гласачи со право на глас“ за косовските Срби со двојно државјанство. Но, ова е според цивилниот регистар формиран и од нелегалните општински структури на Србија на Косово, со што се прекршуваат Уставот и нашите закони. Важно е овој напор да не биде легитимиран од властите на ЕУ или ОБСЕ, се наведува во писмото од премиерот Курти упатено до евроамбасадорот Томас Сзуњог.
Државите на КВИНТ-от и Европската унија изразија загриженост за ризикот од ескалација на ситуацијата на Косово со започнувањето на најавените протести на северот на земјата.
Парламентарните и претседателските избори во Србија ќе се одржат на 3 април.