Се спрема славје: Пречек на фудбалерите на плоштад!

by fokus

Сите љубители на фудбалот вечерва ќе може да ги поздрават фудбалерите на плоштад Македонија и заедно да го прослават успехот и пласманот во финалето од баражот за пласман на Светското првенство.

Пречекот и прославата ќе започне во 18:30 часот.

-Се гледаме на плоштад “Македонија” околу 18:30 часот!, порачаа од ФФМ.

Македонската фудбалска репрезентација вечер се враќа во Скопје, ден по сензационалниот триумф над актуелниот европски првак Италија (1-0) во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство.

Предвидено е македонската фудбалска експедиција со чартер-лет од Палермо да пристигне на скопскиот аеродром околу 18 часот.

Поврзани новости