Во четири општини во северно Косово денеска се одржуваат вонредни избори за градоначалници на Северна Митровица, Звечен, Лепосавиќ и Зубни Поток. Граѓаните од српска националност одбиваат да излезат на гласање и ги бојкотираат изборите. Од официјален Белград изјавија дека очекуваат на гласање на излезат околу 1 отсто од гласачите.
Изборите следат откако Србите на Косово одлучија да излезат од институциите, како одговор на тоа што Косово одби да го исполни ветувањето и да формира Заедница на српски општини. Од тие причини оставки си поднесоа и градоначалниците на овие општини, а кои беа од редовите на Српска листа.
Изборите организирани од Косово се одржуваат во контејнери под силно полициско обезбедување и под надзор на војници од францускиот контингент Кфор.
Од десет кандидати, колку што се пријавени за градоначалници, само еден доаѓа од српската заедница.
Фото: Танјуг