Србин се обидел да влезе во земјава со сомнително возило

by Фокус

При влез во земјава преку граничниот премин Табановце, вчера бил приведен А.М.(47) од Србија поради основи на сомнение за фалсификување на вин-бројот од патничко моторно возило „Пасат“ со српски национални ознаки.

„Лицето и возилото биле предадени на полициски службеници од  СВР-Куманово за понатамошна постапка“, соопштија од полицијата.

Инаку, вин-бројот претставува идентификациски број на возилото, кој е уникатен за секое возило.

Поврзани новости