Во судар со „Волво“, возач на трактор заработил тешки повреди

by Фокус

На магистралниот пат Струмица-Ново Село, на место викано „Сушичко стопанство“, вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Волво“ со швајцарски национални ознаки, управувано од М.К.(56) од с.Н.Коњарево, и трактор „ИМТ 533’, управуван од С.Т.(54) од с.Сушица, информираат од МВР.

„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, кој бил пренесен за укажување лекарска помош во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица“, се наведува во полицискиот билтен.

Поврзани новости