Србин и радовишанец загинаа во сообраќајка вчера кај Три чешми

by fokus

Министерството за внатрешни работи инфомира за деталите од вчерашната сообраќајна несреќа на патот Штип-Велес, каде две лица ги оставија своите животи. Настанот бил пријавен во полиција во 14.30 часот дека сообраќајна незгода се случила на местото викано Три чешми.

Еден од загинатите е државјанин на Србија, со иницијали С.Р. Тој управувал со моторно возило „Волво“. Вториот е радовишанец од селото Дамјан, 58-годишник со иницијали Р.К. Управувал со товарно моторно возило „Мерцедес“ со штипски регистерски таблици.

„Во незгодата на самото место починале двајцата возачи, додека двајца сопатници од товарното моторно возило „Мерцедес“ Д.Д. (22) и С.Д. (28) и двајцата од Штип се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Клиничката болница во Штип, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидна екипа од СВР- Штип и се работи на целосно расчистување на настанот“, велат од полицијата.

Поврзани новости