Уапсени три Бугарки кои краделе на Зелен пазар во Скопје

by fokus

Против три државјанки на Република Бугарија е поднесена кривична пријава за сторечно кривично дело „кражба“, откако биле фатени на дело како се обидувале да ограбат човек на Зелен пазар. Според полицијата трите Бугарски работеле координирано. Две му го одвлекувале вниманието на таргетираниот човек, а третата ја извршувала кражбата.

Најстарата Бугарка е на возраст од 41 година, помладата има 27 години, а најмладата е 19-годишна.

Тие биле фатени пред две недели.

„Имено, на 21.07.2018 година околу 11,15 часот на улицата „11-ти Октомври“ во Скопје поточно на Зелен пазар, откако го забележале оштетениот како пазари на една од тезгите, првопријавената искористувајќи ја гужвата во пазарот и невниманието на оштетениот се доближила до него, додека второпријавената и третопријавената се туркале во оштетениот со цел да му го одвлечат вниманието. Притоа, пријавената  З.Н.З. со протнување на рака во џебот од панталоните на оштетениот го одзела новчаникот, во кој имало 5.100 денари,  и документи, при што се стекнале со противправна имотна корист од 12.000 денари. Пријавените биле забележани од страна на сопругата на оштетениот и веднаш била известена полиција. Од страна на полициски службеници излезено било на лице место, по што лицата биле лишени од слобода“, велат од полицијата.

Поврзани новости