Србин и Албанец се обиделе да влезат во земјава со сомнително возило и фалсификуван пасош

by Фокус

На граничниот премин Табановце вчера едно лице се обидело да ја помине српско македонската граница со сомнително возило, а друго лице со фалсификуван пасош.

Според МВР, вчера во 14 часот спрскиот државјанин А.Ф. (23) од Бујановац се обидел да влезе во земјава со патничко возило Мерцедес, кај кое било констатирано дека VIN бројот отстапува во оригиналниот, односно немало типска налепница.

Исто така, од полицијата информираа дека два часа подоцна при контрола на Б.К. (22) било утврдено дека имал фалсификуван пасош, односно преправан бил штембилот под кој имало втиснато штембил со впишана забрана за влез во земјите членки на Европската Унија.

Поврзани новости