Србија ја тргна забраната и за извоз на сончоглед во Македонија и со тоа се решава проблемот со недостаток на суровина за неколку месеци.
Претседателот на Одборот на директори на „Витаминка“ Симон Наумоски при денешната посета со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на фабриката за масло за јадење „Брилијант“-Штип истакна дека особено ги радува тоа што Србија ја отстранува забраната за извоз на нерафинирано растително масло, кое го користат како суровина.
-Со увозот од Србија ќе имаат суровини за два и пол до три месеци. „Брилијант“ покрива 60 отсто од домашниот пазар на масло за јадење, вели Наумоски и додава дека имало мал застој во дистрибуцијата во маркетите, од причина што не им била јасна одлуката за формирање на цената, а по разјаснувањето со државните институции со кои, какошто рече, како компанија не сакаат да имаат проблеми доколку нешто погрешат.