414
Српските полицајци ги враќаат мигрантите назад во Македонија. Тие не им дозволувале да ја поминат границата и да влезат во Србија, па тие се принудени да се враќаат назад.
Уште поголем проблем за нив преставуваат тропските горештини што ја зафатија државата последните неколку денови. Поради високите температури, возовите полни со мигранти сè потешко пристигнуваат на својата крајна дестинација на граничниот премин Табановце. Машиновозачите се принудени по неколкупати да застануваат по пат. Дневно од Гевгелија пристигнуваат по три специјални мигрантски возови.