Повеќе од 100 луѓе загинаа во бомбашки напад во Иран

by Фокус 13:45
13:45

Околу 100 – тина луѓе, меѓу кои жени и деца настрадаа при бомбашките напади кои ги извршија екстремистите на ИСИС во Ирак. Ирачката влада прогласи тридневна жалост . Затворени сите јавни места заради стравување од нови терористички напади.

Нападот се случи во градот Хан Бани Саад во источната покраина Дијала во пазар каде имало собрано многу луѓе заради прославата на големиот празник Рамазан-Бајрам. Во овој град живее мешано население а овој терористички напад се смета за еден од најкрвавите кои ги извршиле екстремистите на Исламската држава. Официјалните лица очекуваат бројот на загинатите да расте бидејќи при нападот се урнати и повеќе згради кои сеуште не се извлечени од спасувачките екипи.

- Advertisements -

Поврзани новости