Србија ги одмрзна цените на млекото, продолжува забраната за извоз

by Fokus

Владата на Србија на денешната седница ја одмрзна цената на млекото УХТ со 2,8 отсто млечна маст, која до денеска беше ограничена на 128,99 динари (62 денари), пишува Блиц.

Со новата уредба за цената на основните прехранбени производи, ќе се укине ценовното ограничување на UHT млекото со 2,8 отсто млечни масти, но маржата на целото UHT млеко ќе биде 10 отсто, дознава Euronews.rs.

До 31 октомври се продолжува и забраната за извоз на млеко. Новата највисока цена на кристалниот шеќер ќе биде 109,99 ( околу 50 денари) динари за килограм. Се менува и цената на свежото пилешко месо, па килограм во иднина ќе чини 319 динари ( околу 165 денари).

Потврдено е дека регулативата за ограничување на цените на нафтените деривати ќе се продолжи до 31 октомври, а одлуката за забрана за извоз на дизел ќе биде укината.

Да потсетиме, Владата на Србија со уредба од 6 септември ја пропиша максималната малопродажна цена на млекото УХТ со 2,8 отсто млечна маст на 128,99 динари.

Со истиот пропис беше изменета и намалена максималната трговска маржа за сите видови UHT млеко од 12 на 5 отсто. Беше воведена и забрана за извоз на свежо млеко и одредени млечни производи до 30 септември.

Поврзани новости