621
Првиот контингент на вакцината Фајзер пристигнува денеска во Србија.
Во контингентот има 4.800 вакцини, а според претходните најави, тие се наменети првенствено за корисници на домови за стари лица. Агенцијата за лекови и медиуми на Србија даде согласност за употреба и увоз на вакцината Фајзер.
Авионот, јавуваат медиумите, треба да слета во 10.30 часот.