Спречен терористички напад во Белгија

by fokus

Еден ден по терористичкиот напад во Лондон, денеска во белгискиот град Антверпен, бил спречен сличен инциден во последен момент, јавуваат светските медиуми.

Белгиската полиција денеска уапси човек кој со автомобил се обидел да влета во голема група пешаци кои се движеле во главната трговска улица Мејр. Автомобилот имал француска регистрација, а возачот бил со северно-африканско потекло и носел маска на главата. Според полицијата во возилото има оружје и друг опасен материјал.

Истиот метод со возило кое удира во пешаци беше користен и во нападот во Лондон, кој се случи вчера пред парламентот, а во кој загинаа четворица лица и десетици беа повредени.

Оттука, полицијата се сомнева дека станува збор за обид за терористички напад кој овој пат бил спречен во последен момент.

За нападот во Лондон, одговорност презеде ИСИС.

Поврзани новости