Прљав веш од еден милион евра!

by lali

Да ги тргнеме на страна гаќите од 500 евра! Денешниот прес на СЈО беше за крадење на наши пари. ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА НАШИ ПАРИ! Не таму нечии, наши!

Тие пари се украдени од наш џеб. Преставете си, одиме на работа, работиме, плаќаме даноци и на крај некој ни краде парите со кои треба да ни се обезбеди подобро школство за нас и нашите деца, подобро здравство, подобра инфраструктура. Преку плаќањето на даноци, ние и плаќаме на државата, а државата место да ни овозможи подобри општествени добра, она ни ги краде и со нив плаќа новинари кои не нарекуваат предавници. Па која е таа логика бре, ние предавниците да плаќаме даноци, а они патриотите да затајуваат даноци?!

Навистина, како не ви доаѓа од внатре да се запрашате и да се побуните каде одат вашите пари? Парите што со пот и работа ги заработувате, трошејќи си го умот и сопственото време. За тие пари од плаќањето даноци треба да вршиме постојан надзор и притисок каде и за што се трошат. Тоа е граѓанска одговорност. Тоа е свест.

Со тие еден милион евра можело нешто да се подобри во општеството. Здравство, школство, инфраструктура. Ама не, тие одлучиле да се однесуваат со нашите пари најнеодговорно. Не ги почитувале законите и правилата. Злоупотребувале функции и профитирале од купување коли за МВР, градење училиште во Зајас, па се до затајување данок. Па дури и не плаќале данок, не им текнало на ум, еј, барем дел од тие пари да ги вратат во буџетот на Македонија. Тотално безобразие! Па како бре луѓе, ние да бараме и да викаме дека земените наши пари ќе ги вратат, а тие ни данок на истите не плаќале?

И што е со УЈП – институција што сето ова го знаела и ќутела за ваквото затајување на данок? Кој од таму ќе ја понесе таа одговорност и кој за овој криминал ќе одговара? Тоа е исто така битно прашање што мора да добие одговор и разрешница.

Поврзани новости