Спречен пожар од неонка во Археолошкиот музеј

by fokus

Попладнево во Археолошкиот музеј на Македонија беше спречен пожар, откако противпожарни екипи интервенираа поради опожарена неонка во подземна просторија на Музејот што предизвикала зачадување.

Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Ѕвонко Томевски, изјави дека интервенирале со четири возила и 14 пожарникари, бргу го локализирале и целосно го ликвидирале пожарот. Томевски рече дека не е причинета голема материјална штета.

Поврзани новости