Отец Пимен: Прасето ми го извадивте низ нос

by fokus

Отец Пимен вечерва се јави со реакција на нападите од борците за заштита на животните за фотографијата која ја објави вчера од печено прасе и над која напиша: Е па анима, ние се најадовме. Туку со кучињава што правиме? Да викаме Кинези?

-Се изначитав така сочни коментари за прасето, а не добив одговор на прашањето:
Што со кучињата скитници особено во малите градови?
Понуди ли некој конкретно решение за нив? Или само на интернет сме сочувствителни со кучињата, а малку послабо со сите оние луѓе што се жртви на истите?
Да им се загневте вака на кандидатите за градоначалници за да понудат решенија за овој сериозен проблем, повеќе ефект ќе имаше, отколку мене што ми го извадивте прасето низ нос.
Ајде да работиме, а не да кажуваме како треба да ни изгледа менито, напиша отец Пимен на својот Фејсбук профил.

 

Поврзани новости