516
Педесетина граѓани со македонски знамиња и транспаренти вечерва дојдоа до скопското Кале, со цел за да чуваат ноќна стража на гробот на Гоце Делчев.
Сепак, тие беа спречени во намерата откако беа запрени на почетокот на улицата „Самоилова“ од полициската барикада, поставена уште во текот на вчерашниот ден.
Граѓаните кои тргнаа од плоштадот Македонија пееја патриотски песни и извикуваа „Никогаш Северна, само Македонија“.
Тие најавуваат дека имаат план да останат до изутрина за кога и официјално ќе почне чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Како што известуваат медиумите, влез во дворот на црквата „Свети Спас“ не им бил дозволен на новинарските екипи, а ограничено им било движењето и на возилата и граѓаните.