Курти има 6 услови за формирање на Заедница на српски општини

by Фокус

Премиерот на Косово Албин Курти изнесе шест услови за формирање на Заедницата на српски општини, односно Заедницата на општини со српско мнозинство.

На формирањето, според Курти, би требало да му претходни договор со Белград, а ЗСО не би можела да има извршни овластувања.

Тој ги наведе следниве услови за ЗСО:

1. Мора да бидат во согласност со косовскиот устав и постоечките закони.

2. Заедницата не може да биде еднонационална, мора да го смени називот, не може да има одбор и да служи само за хоризонтална соработка на општините според законот за локална самоуправа.

3. Правата на националните малцинства и соодветните механизми за заштита треба да бидат засновани на принципот на реципроцитет меѓу двете држави.

4. Пред формирањето на Заедницата нелегалните структури на северот на Косово да бидат укинати и сето нелегално оружје да биде предадено.

5. Заедницата е дел од конечниот договор и се спроведува по меѓусебното признавање.

6. Претседателот на Србија ги повлекува писмата упатени до членките на ЕУ за неприфаќање на Република Косово во ЕУ.

Поврзани новости