689
Украинската контраразузнавачка служба спречила четврти обид за атентат врз украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишува германскиот весник „Билд“.
Група руски диверзанти, предводени од агент на тајна служба, е уапсена во градот Ужгород на граничното тромеѓе меѓу Украина, Словачка и Унгарија.
За една недела, спречени се дури три обиди за убиство на Зеленски.
Покрај нападот врз Зеленски во Киев, речиси 25 лица учествувале во извршувањето на серија саботажи во владиниот округ и други делови на Украина.
Тие се обиделе да се преправаат дека се припадници на територијалните единици на Украина и на тој начин да стигнат до Киев.
Овие информации не се официјално потврдени.