Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапси две лица кои планирале да спроведат воен пуч во Белорусија на 9. мај и во таа прилика да извршат атентат врз белорускиот претседател Александар Лукашенко, соопшти ФСБ, пренесува агенцијата Спутник.
Уапсени се Алекдандар Федут од Белорусија и Јуриј Зенкович кој има двојно државјанство – белоруско и американско.
Акцијата е спроведена во соработка со белорускиот Комитет за државна безбедност, а како што потоа е утврдено, тие планирале да изведат воен удар „според стандардно сценариот на шарените револуции со поддршка на локалните националисти“.
Како што пренесе белоруската страна, тие за сето тоа се договарале преку месинцер, а потоа решиле да организираат средба во Москва со одредени белоруски генерали кои би биле вклучени во целиот процес.
Од ФСБ наведуваат и дека средбата е организирана во еден од московските ресторани веднаш откако Зенкович допатувал во Москва по консултациите во САД и Полска, а планот бил во текот на пучот да ги заземат сите центри за емитување на радио и телевизија, да ги блокираат институциите, како и да го исклучат комплетниот енергетски систем на Белорусија за да ја отежнат работата на полицијата и војската.
Нивната цел, додава ФСБ, била да го сменат уставниот поредок на земјата за да се испразни претседателското место за да може таа функција да ја извршува „Комитетот за национално помирување“.
ФСБ додава и дека тие по апсењето се предадени на белоруската страна поради натамошно процесуирање.