Бугарските социјалисти ќе ја поддржат партиската влада на Слави Трифонов, без да учествуваат во неа

by Fokus 21:19
21:19

Лидерката на опозициската Бугарска социјалистичка партија, Корнелија Нинова, по состанокот на раководството на партијата објави дека ќе ја поддржат владата на „Има таков народ” на Слави Трифонов, јави дописникот на МИА од Софија.

Сепак, БСП постави пет услови за поддршка на „Има таков народ” – поврзани со брзи и конзистентни реформи во здравствената заштита, борба против корупцијата, зајакнување на независно судство и ревизија на буџетот.

- Advertisements -

Нинова рече дека ако на бугарските социјалисти им биде даден мандат да формираат влада, Националниот совет „ќе донесе одлука по итна постапка”.

Таа смета дека ако се предаде третиот мандат на БСП за формирање на новата бугарска влада, партијата „ќе донесе одлука по итна постапка”.

БСП објави дека нема да го поддржи предлогот предложен од поранешните владетели во Бугарија од ГЕРБ и ќе гласа „против” во бугарскиот парламент.

 

Поврзани новости