460
Синоќа околу 19.30 часот полициски службеници извршиле контрола во спортска обложувалница во тетовското село Желино во сопственост на А.М. (39) од Гостивар, која работела без дозвола од надлежен орган, информираа од МВР.
Според полицијата, во обложувалницата биле пронајдени и со потврда биле одземени четири телевизори, две компјутерски куќишта, два печатачи, два монитори, два бар код читачи и парични средства во вкупен износ од 41.600 денари.
По целосно документирање на случајот, против А.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.