473
Барањето за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување денеска ќе се најде пред пратениците на собраниската седница.
Барањето го поднесоа пратениците од СДСМ, Сашко Костов и Диме Велковски, откако се создаде можност Уставниот суд да ја оживее спорната аболиција на екс претседателот Ѓорге Иванов.
Претходно, Владата донесе мислење дека членот 11 не е дел од Законот за помилување, па затоа и аболицијата на Иванов, со која од кривичен прогон сакаше да ги спаси екс функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, е ништовна.
Од Владата очекуваат и Собранието веќе еднаш засекогаш да го затвори ова прашање.