Врнежливо и продор на постуден воздушен бран од север, па пораст на температурите

by fokus

Измерено количество на воден талог во л/м2 досега низ државата: Охрид 10, Маврово и Претор 4, Тетово 3, Скопје 1. На другите места количеството на врнежи беше помало од еден литар.

Бранот на врнежи продолжува и понатаму, што значи дека количеството на воден талог низ државава понатаму ќе расте. Нашата држава се наоѓа под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север. Сето ова и понатаму на повеќе места ќе услови повремени врнежи од дожд на ниските и врнежи од снег на повисоките и планинските места каде ќе дојде до формирање на нова снежна покривка. Снежната граница има услови да се спушти и до околу 1000 м.н.в. а повремено врнежи од дожд и снег има услови и на местата нешто пониски од 1000 метри.

Ќе дува умерен, повремено на некои места до засилен ветер од северен и од североисточен правец. Максималните дневни температури денес ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 9 степени, на повисоките и планинските места ќе биде уште постудено. Потоа во четврток и во петок времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, локално ќе има и нешто повеќе облачност со што има услови за слаби локални врнежи од дожд и од снег на планините. Во петок ќе започне да дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југоисточен правец со што ќе биде најава за нов бран на врнежи веќе во петок ноќта кон сабота.

Минималните температури понатаму понекаде ќе се спуштаат и под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени. Максималните температури на воздухот пак во следните неколку денови ќе бележат тенденција на пораст, истите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени во најтоплите предели од државава.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости