ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со години ги лажеа граѓаните додека се богатеа и заработуваа на нивен грб, велат од СДСМ.
„Сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за манипулација на граѓаните преку изнесување на лаги и дезинформации се побиваат со факти и не им поминуваат.
Се што ВМРО-ДПМНЕ правеше 11 години во енергетиката беше на штета на граѓаните и за богатење на Мицкоски и мала група луѓе, преку бизниси со хидроцентрали.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги лажеа граѓаните дека со новиот Закон за енергетика ќе се покачи цената на електричната енергија и дека нема да може да се врати евтината тарифа на електричната енергија. Денес, не само што цената на електричната енергија е намалена, вратена е и ефтината тарифа на струјата.
Уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е дека исклучените од парно греење мора да плаќаат за топлина која не ја користат и дека е невозможно да се намали цената на топлинска енергија. Денес, исклучените од парно, не плаќаат надомест а цената на топлинската енергија е намалена од 18-5 %.
Мицкоски ги лажеше и компаниите и домаќинствата дека е невозможно да има слободен пазар на електрична енергија. Денес има либерализиран пазар на електрична енергија.
За разлика од 11 годишното инсистирање за Руски Тек и 100 % зависност од руски гас. Денес, Македонија има добиено грант од ЕУ во висина од 13 милиони евра за интерконекција со ТАП и сите административни работи се завршени за интерконекторот со Бугарија.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои само на нивни блиски лица, им дадоа изградба на фотоволтаични централи и со загарантирано високи цени од над 400 евра за 15 години, која и денес ја плаќаме, Владата предводена од СДСМ започна проект за инсталирање на 36 МВ Фотоволтаична централа за аукција на приватни инвестиции притоа без денар оптоварување на сметката за електрична енергија.
Лицемерниот Мицкоски лаже и не кажува дека како директор на ЕЛЕМ во јануари 2017 година, набавуваше цена на електрична енергија за над 200 евра за 1 мегават час.
Молчи и дека тој лично како советник на Груевски и член на НО и УО на ЕЛЕМ учествуваше во зголемувањето на цената на електричната енергија за 100 отсто и дека тој лично наложи да се укине евтината тарифа за електричната енергија, заради свои лични бизнис интереси и профит.
ВМРО-ДПМНЕ и лично Мицкоски со години безмилосно заработуваа на грбот на граѓаните, а денес се против секоја мерка што обезбедува помали трошоци и повеќе пари кај граѓаните“, додаваат од СДСМ.