ТЕ-ТО прв на црната листа на УЈП по неподмирени долгови, должници познати фирми и јавни претпријатија

by Fokus

Јавни претпријатија и етаблирани и моќни приватни компании се најдоа на “црната листа“ на Управата на јавни приходи, која објави список на компании кои заклучно со октомври не го платиле данокот доспеан до крајот на јули.

Прв на црната листа на Управата за јавни приходи по неподмирени долгови согласно последната статистика објавена пред неколку дена е ТЕ-ТО. Таа фирма нема да и плаќа долг на државата по одлуката на владата  а на државата и должи вкупно 17,2 милиони евра и тоа по основ на данокот на добивка.

Понатаму на листата се наоѓаат компаниите „Ел Дон Кастилло“,  „Индустрија Ал Азтека“, „Мотор коал индустрија интернационал“, „МЛ Глобал Италу“, „Уни-М“, „Мил Давид“, „Мак Импорт“, „Прототип“ и дузина други компании.

Патем, не изостануваат и јавните претпријатија, меѓу кои Јавното комунално претпријатие Тетово должи 159 милиони денари, Македонска радиодифузија должи 25 милиони денари, Водостопанство на Македонија должи 8 милиони денари итн.

Поврзани новости