Се пребројуваат гласовите од претседателските избори во САД. Посебно се важни гласовите во т.н. „колебливи“ држави, каде однапред не се знае победникот, за разлика од традиционално демократските или републиканските сојузни држави.
Кандидатот на Републиканската партија Доналд Трамп досега победи во западна Вирџинија (5 електорски гласови), Тенеси (11), Алабама (9), Мисисипи (6), Мисури (10), Оклахома (7), Арканзас (6), Кентаки (8), Индијана (11), Вајоминг (3), Северна Дакота (3), Јужна Дакота (3), Луизијана(8), Небраска (5 – во оваа држава не важи принципот „победникот носи сè, туку електорите се делат пропорционално на освоените гласови) или вкупни 95.
Кандидатот на Демократската партија Џо Бајден победи во Илиноис (20 електорски гласови), Вирџинија (13), Мериленд (10), Њу Џерси (14), Конектикат (7), Масачусетс (11), Мејн (4 – во оваа држава не важи принципот „победникот носи сè, туку електорите се делат пропорционално на освоените гласови), Далавер (3), Вермонт (3), Колорадо (9), Њујорк (29), Роуд Ијланд (4), Дисктрикт Колумбија (3), или вкупно 130.
По делумно пребројани гласачки ливчиња, во Њу Хемпшир (4) води Бајден со 550 наспроти 43 отсто за Трамп. Флорида (29) Води Трамп со 51,3 наспроти Бајден со 47,8 отсто. Џорџија (16) Трамп има 56,5, а Бајден 42,5 отсто. Охајо (18) води Трамп 50 отсто, Бајден 48,7 отсто. Северна Каролина (15) Води Бајден со 49,5, а Трамп има 49,3 отсто по 87 проценти пребројани гласови. Јужна Каролина (9) Води Трамп 55,6 наспроти Бајден 43,2 отсто. Тексас (38) води Трамп со 49,5 наспроти Бајден со 49,2 отсто од преброени 64 гласови. Канзас (6) Води Бајден со 52, а Трамп 46 проценти. Пенсилванија (20) – води Бајден со 51 отсто, за Трамп 45 проценти. Мичиген (16) – води Трамп со 55 отсто, а Бајден има 43 отсто. Минесота (10) – води Бајден со 64 наспроти 33 проценти на Трамп. Висконсин (10) – води Трамп со 51, а Бајден има 47,5 отсто. Њу Мексико (5) – води Бајден со 62 отсто, а за Трамп се 35,6 проценти од гласовите.
Вкупно има 538 електроски гласови, а за место во Белата куќа потребни се 270.