895
Претседателот на државата Стево Пендаровски смета дека на новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, за кого се пишува дека ќе биде новиот мандатар, треба да му се даде шанса. Ковачевски, рече Пендаровски, е голема непознаница во политиката затоа што не бил на позиција претходно, но треба да му се даде шанса.
– Треба да му се даде шанса. Факт е дека има богато академско искуство, има години и години партиски стаж во СДСМ, таму го познаваат. Мислам дека има конекции со разноразни групации кои постојат. Мислам дека има добра стартна основа, рече Пендаровски.