Според новиот ДУП, покрај езерото “Треска” ќе бидат изградени хотели, но и трговски центри

by fokus

По неколкудневни дебати околу надлежноста, урбанистичкиот план за езерото Треска изминатите денови бил заведен во Катастарот, потврди градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети.

-Урбанистичкиот план за надвор од населено место, комплексот е поделен на 4 блока. Во Блок 1, кој го опфаќа брегот на езерото, може да има спортски терени, аква-парк, игралишта, ботаничка градина, а мал процент може да биде и за дуќани или хотели, но и големи трговски единици. Во Блок 2 се планирани викенд-куќи кои ќе треба да се градат од дрво и камен, со почитување на шумскиот фонд.

Во Блок 3 примарно е предвиден хотелски комплекс, но 40 тосто од просторот може да биде и за мали и големи трговски единици, култура, здравство. Нема да се гради на целиот простор бидејќи под дел од блокот се бунарите Треска-Лепенец. Во Блок 4 е предвидена градба на трговски центар, рече градоначалникот.

Според него сега се расчистува теренот, а проценката за вкупната инвестиција е најмалку 200.000 милиони евра, но во поглед на продажбата и инвеститорите конечниот збор ќе го има Владата.

Секој вработен скопјанец или скопјанка на крајот на 70-тите години одвоил дел од платата за да се изгради езерото Треска. До средината на 90-тите години рекреативниот центар, направен со самопридонес, ја имаше својата оригинална намена.

Но, во 1998 година езерото доби забрана за капење поради проблеми со филтрирањето на водата.

– Дел од камп населбата покрај езерото всушност ако отидете и ја погледнете се и куќи од цврста градба што го узурпирале просторот. Ќе ги дислоцираме во следниот период, а во иднина можат да изнајмат бунгалови и слично, рече Беџети.

С.Т.

Поврзани новости