Борко и Николина слават годишнина: Да издржиме барем уште четири години!

by fokus

Македонскиот репрезентативен голман во ракомет, Борко Ристовски и неговата сопруга Николина одбележуваат три години брак, а по тој повод и честитал на интересен начин, со зборовите – Срце мое, среќна годишнина, да издржиме барем уште четири.

-Три години брак, многу лудо возење, издржавме машки, објави Николина на социјалните мрежи.

Борко ја запроси убавата кумановчанка пред три години, и тогаш за ,,Фокус” раскажаа дека се заедно околу една година, а ги запознале заеднички пријатели.

По неколку месеци го добија своето прво дете, синот Душан, кој го доби името во чест на починатиот татко на Борко.

-Борко многу сака деца. Ние неколку месеци уште пред да останам бремена, имавме голема желба да бидеме родители. Јас имав доста тешка бременост, но тоа ме зајакна и ме направи посилен човек, ме научи на многу работи, а откако си го имам Душан се си има своја смисла. Борко уште веднаш прокоментира како веднаш сака и второ дете, но мене навистина ми треба една убава пауза, да му се посветам на Душан и да го заборавам ,,лошото’’ и ,,непријатното” кое мораше да биде дел од најубавото искуство во мојот живот – ни изјави тогаш сопругата на голманската легенда.

Вики Клинчарова

Поврзани новости