Иако во кампањата Заев категорично тврдеше дека сум татко на криминалот, дека сум земал пари во кеш, дека сум ја договорил продажбата на „Македонска банка“ денеска со сите сили се обидуваше да го убеди судот дека не тврдел, туку дека имал само основани сознанија за криминал, изјави премиерот Никола Груевски откако си замина од денешното рочиште.
Судењето се уште е во тек – премиерот Груевски си отиде, а лидерот на СДСМ Зоран Заев остана во судницата.
– Ова му беше последен обид, откако сведокот што тој го предложи, вчера го демантираше – додаде Груевски алудирајќи на вчерашниот исказ на Газда Нини во судот.
Заев претходно изјави дека Ден Дончев не само што му ги дал документите и снимките, туку и дека му потврдил оти договорот од снимката се реализирал.