533
Споменикот на албанскиот деец Пјетер Богдани вчера после полноќ бил истоварен во Паркот „Жена Борец” и оставен на тревата.
Тој е дел од проектот Скопје 2014-та, но до сега не беше донесен од Фиренца ниту поставен поради таквото барањето на претходното раководство на општина Центар.
Општина Чаир презема одговорност за поставувањето иако е под ингеренции на општина Центар.
Од Италија пристигнаа и другите два споменици, на Неџат Аголи, прв министер за здравство во Владата во 1945 година, и поетот Јосиф Багери.
Споменикот на Јосиф Багери викендов ќе биде поставен во близина на новиот Македонски театар, а споменикот на Неџат Аголи ќе биде поставен пред зградата на Телеком.