(ВИДЕО) Герила акција во Битола: Груевски свечено го отвори стадионот “Двојче”

by Фокус 20:50
20:50

Демонстрантите од Битола вечерва му приредија цела „претстава” на градоначалникот Владимир Талески.

Двајца битолчани со маски на лицето од експремиерот Никола Груевски и градоначалникот Талески, со мерцедес пристигнаа на плоштадот “Магнолија”, за свечено да го отворат стадионот „Двојче”.

- Advertising -

Тие прво се поздравија со сите симпатизери, па застана крај импровизираниот стадион и заедно  ја пресекоа црвената лента.

Герилата беше пародија на долгогодишните ветувања на Талески дека ќе изгради нов стадион под „Тумбе Кафе”, зашто постоечкиот е во распаѓање.

 

Фото: Сдк.мк