Спомен обележјата биле сменети во цела држава, наместо бугарски фашистички куршум сега пишува само фашистички куршум или рака

by fokus

На спомен обележјата, плочите на кои пишувало бугарска фашистичка рака, бугарски куршум е оставено само фашистички куршум, фашистичка рака согласно договорот за добрососедство што го потпиша Македонија со Бугарија, рече премиерот Зоран Заев откако во вчерашното интервју за БГНЕС обелодени дека биле тргнати дваесетина плочи на коишто пишувало бугарски фашистички окупатор.

-Во дел од плочите каде што пишувало бугарска фашистичка рака, бугарски фашистички куршум е оставено фашистички куршум, фашистичка рака. Затоа велам да не заборавиме, но низ простувањето да внимаваме. Секако тоа е направено на цела територија на државата, на многу места, во најголем дел надлежни се самите општини. Се работи за спомен обележја согласно договорот за пријателство со Бугарија и обврската за негување на пријателството меѓу двете земји коишто се преземени од двете страни, рече Заев.

Поврзани новости