Горан Мисовски и Фадил Зендели предложени за потпретседатели на Собранието, ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за нив

by fokus

На денешната 22. седница се очекува избор на двајца потпретседатели на Собранието на предлог на владејачкото мнозинство.

Предлозите, според информациите од Собранието, се Горан Мисовски од НСДП, кој и во претходниот собраниски состав беше на оваа функција и Фадил Зендели од Беса.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието, а засега нема ниту предлог од Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека нема да гласаат за предлозите за потпретседатели на Собранието.

Поврзани новости