Спиро Ристовски за 27 април: Ниту сум организирал, ниту сум бил на осмиот кат во Белата палата

by fokus

Поранешниот министер, Спиро Ристовски кој е обвинет дека учествувал во организацијата на 27 април во воведните зборови порача дека цело обвинение се темели на претпоставки и небулози.

Тој тврдеше дека ниту ги организирал протестите, ниту го мобилизирал членството, ниту бил на осмиот кат во Белата палата заедно со други поранешни министри во периодот кога таму бил Александар Василевски-Нинџа.

Ристовски рече дека на почетокот на 2017 година немал никаква раководна функција во партијата ВМРО-ДПМНЕ, односно не бил дел од раководните тела.

Тврди дека обвинетиот поранешен разузнавач, Никола Бошковски воопшто не го познавал, а со поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски и со поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски комуницирал само службено.

-Кога од вкупно шест лица со две лица не сум имал комуникација, а еден воопшто не го знам,  не ми е јасно како напишале дека заедно сме направиле план,рече Ристовски.

Тој тврди дека немал никакви овластувања за постапувањето на полицајците или обезбедувачите на протестот. За сведоци ќе ги повика претседателите на градските и месните комитети на партијата за да докаже дека не го мобилизирал членството.

Пораките со содржина ‘Сите членови доаѓајте пред Собрание, сега е моментот’ и уште една порака не биле не си ги праќале со Јанакиески туку биле комуникација меѓу две други лица кои не ги познавале.

-Дента немав остварено комуникација со Нинџа, не сме биле на осмиот кат јас и Миле и другите кои беа посочени, а критичниот ден немав комуникација со организаторот на протестите, Богдан Илиевски. Тоа ќе го докажам преку распит на лицата. Ниту сум знаел, ниту сум имал сознанија за било какви сценарија што ќе се случи, рече Ристовски,

Ф.Ф.С.

Поврзани новости