Претседателот на канадскиот Долниот дом (Дом на општините) Ентони Рота поднесе оставка денес, неколку дена откако го пофали украинскиот ветеран кој се борел за нацистичка воена единица за време на Втората светска војна, објави Си-Ен-Ен.
Во петокот, по заедничкото обраќање до Парламентот со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Рота го пофали Јарослав Хунка (98) како украинско-канадски воен херој и рече: тој тогаш се бореше за украинската независност против руските агресори и продолжува да ги поддржува војниците денес.
Но, организациите за човекови права и еврејските организации ја осудија изјавата на Рота, велејќи дека Хунка служел во нацистичка воена единица позната како 14-та Вафен-гренадиерска дивизија на СС.
Претседателот на Претставничкиот дом на Канада се извини откако го прослави украинскиот ветеран кој се борел за нацистичката единица во Втората светска војна
-Овој дом е над секој од нас, затоа морам да се повлечам од функцијата ваш претседател, рече Рота во Парламентот денес попладне, повторувајќи го своето длабоко жалење за својата грешка.
-Тоа јавно признание предизвика болка кај поединци и заедници, вклучително и еврејската заедница во Канада и ширум светот, покрај преживеаните од нацистичките злосторства во Полска, меѓу другите нации. Ја прифаќам целосната одговорност за моите постапки, додаде Рота, кој е член на Либералната партија.
Премиерот Џастин Трудо го нарече инцидентот длабоко срамен.