Спикерот Џафери ќе ја предводи пратеничката листа на ДУИ во петтата изборна едница?

by Фокус

Претседателот на парламентот Талат Џафери најверојатно ќе ја предводи пратеничката листа на ДУИ на претстојните предвремени парламентарни избори во петтата изборна единица, велат за Фокус високи партиски извори.

На изминативе изборни циклуси, Џафери заземаше високи позиции на листата во шестата тетовско-гостиварска изборна единица, каде секогаш, без исклучок, носител бил партискиот лидер Али Ахмети.

Така се очекува да биде и на претстојните избори, односно Ахмети да ја предводи листата во „шестката“, а Џафери да биде носител во „петката“.

Од ДУИ велат дека се уште нема дефинитивна одлука за пратеничките листи, меѓутоа неофицијално потврдуваат дека се исцртуваат можните фаворити и во другите изборни единици.

Висок партиски функционер посочува дека Изет Меџити е фаворит за носител во првата скопска изборна едница, Бујар Османи најверојатно по вторпат ќе истрча во третата изборна единица, додека најпроблематична е втората кумановско-липковска ИЕ.

Имено, најсериозни кандидати за предводници на оваа листа се докторот Илир Хасани и министерот за образование Арбер Адеми.

В.С.

Поврзани новости