Специјалните сили на Ердоган оперираат во воената база на НАТО

by fokus

Над седум илјади турски специјалци вчеравечер беа испратени на воздухопловната база Инџирлик во Адана, која ја користат САД и НАТО, а која веќе беше предмет на рестрикции по неуспешниот државен удар.

Војниците со тешки оклопни возила ја блокираа и цела вечер „оперираа” во базата, јавуваат турските медиуми.

Турскиот министер за европски прашања, Омар Челик, вели дека станува збор за  „безбедносна инспекција”.

Весникот Хуриет пак, пишува дека властите добиле дојава за втор пуч и веднаш ги испратиле силите кај базата. Од таму навестуваат  дека затворањето на базата можеби е поврзано со обид на Ердоган да спречи втор државен удар.

Поврзани новости