Специјалната обвинителка Катица Јанева во 11 часот ќе даде заклетва

by Фокус

Денеска во 11 часот во Советот на јавни обвинители специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе даде заклетва. Таа доцна синоќа едногласно беше избрана од Советот за прв специјален обвинител, по предлог на Собранието.

Гласањето беше со двотретинско мнозинство, а повеќето Обвинители кои зедоа збор ја пофалија нејзината досегашна работа и и посакаа успешна нова функција. Тие сметаат дека Катица Јанева достојно ќе ја извршува функцијата.

Таа ќе има задача да ги гони кривичните дела кои се поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Поврзани новости