465
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева и јавниот обвинител Бранко Јовески вчера оствариле средба на која разговарале за актуелната состојба во обвинителствата, идната редовна комуникација, потребата од размена на искуства, заедничката определба и подготвеност за соработка со цел поефикасно гонење на сторителите на кривичните дела.
Како што соопштуваат од обвинителствата, во дискусијата за актуелните реформи на правосудниот систем на Република Македонија и потребата во неа да се вклучат јавните обвинителства, посебно внимание било посветено на поставеноста и организацијата на обвинителствата.