Специјализантите најавија дека и утре ќе штрајкуваат

by fokus

Лекарите специјализанти вечерва донесоа одлука нивниот штрајк да продолжи и утре, без оглед што Владата најави дека утре ќе расправа за нивните барања за покачување на паричниот надоместок за време на специјализацијата и за решавање на статусот.

-Ја информираме јавноста дека штрајкот ќе продолжи и во текот на утрешниот ден, сѐ додека Министерството за здравство после утрешната седница на Влада не излезе со официјален став и соопштение. Врз основа на одговорот од Министерството за здравство, приватните специјализанти ќе одлучат за своите понатамошни чекори“, стои во нивната објава на Фејсбук.

Денешната изјава на министерот за здравство Илир Демири дека нивниот штрајк е политички мотивиран ја оценија како срамна.

„Срамна изјава за еден министер за здравство и доктор кој е дел од истиот систем за кој приватните специјализанти толку многу се борат за да го оддржат во живот! Три месеци исплатен надоместок биле доволни за да ги покријат долговите кон факултетот, вели министерот… Би сакале да го прашаме почитуваниот министер со што да живеат колегите во тие три месеци додека ги собираат парите да уплатат за семестарот?“, реагираат официјално специјализантите.

Поврзани новости