Кој вечерва ги гледаше четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите, не се зажали. Можеби беше сведок на еден од најдобрите денови во историјата на ова натпреварување.
Какви голови, пресврти, возбудувања.
И двата вечерашни меча завршија нерешено.
Во Мадрид, Реал и Манчестер Сити одиграа спектакуларни 3-3, додека пак во Лондон, Арсенал и Баерн Минхен патникот во полуфинале ќе го решаваат во Германија откако по 90 минути на семафорот стоеше 2-2.
Натпреварот во Мадрид донесе шок за Реал Мадрид, со голот на Бернардо Силва од слободен удар пулените на Пеп Гвардиола уште во втората минута поведоа.
Десет минути подоцна Реал Мадрид изедначи, по шутот на Камавинга топката се одби од Диаш и заврши во мрежата на Ортега за 1-1.
Во следниот напад кралскиот клуб преку Родриго направи комплетен пресврт, 2-1.
Во 66. минута Фил Фоден постигна одличен гол од далечина за израмнување на 2-2.
Само пет минути подоцна имаше нов пресврт на „Сантијаго Бернабеу“, сега во полза на Сити, Гвардиол погоди за 2-3.
Конечните 3-3 ги постави Валверде со спектакуларен волеј во 79 минута.
Арсенал во 12 минута го отвори резултатот преку Сака во Лондон. Но Баерн направи пресврт.
Во 18 минута преку Гнабри и во 32 минута со голот на Хари Кејн од пенал Баварците доаѓаат до 2-1 предност.
Во 76 минута по асистенција на Габриел Жесус, Леонардо Тросар погоди за конечни 2-2.