Спасовски: Зошто Иванов не беше загрижен кога Груевски преговараше за платформата?

by fokus

Како што претседателот упати писмо со загриженост до меѓународната јавност,  и јас сега упатувам прашање до Иванов, зошто не беше загрижен кога го даде мандатот на Груевски во услови кога таа платформа и тогаш постоеше, праша денеска генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

-Преземаме сè што е во наша моќ за да се смират страстите и тензиите, да не придонесуваме во разгорување на состојбата, затоа и постојано повикуваме на смиреност. Тоа е најголемата порака од нас кон оние кои креираат кризи. СДСМ прави сè за да не ескалираат состојбите, рече Спасовски.

Тој денеска од името на новото парламентарно мнозинство, повика шефот на државата веднаш да го даде мандатот за формирање влада, за да се одблокираат институционалните процеси на државата.

Поврзани новости